
И покрај забраната, турските ЛГБТ активисти одржаа Парада на гордоста во Истанбул. Тие шетаат низ улиците на Истанбул околу еден час. Стотици луѓе извикуваа слогани и вееја знамиња со виножито низ улиците на Истанбул. Организаторите изјавија дека забраната од властите нема да ги разубеди од маршот. Тие порачаа : „Немојте да ќутите, кажете гласно – хомосексуалците постојат“.
Полицијата со солзавец се обиде да го прекине маршот, кој што е забранет четврта година по ред. Тие патролираа со кучиња, а во близина имаа и водени топови.
Припадниците на полицијата пукаа со солзавец на одреднеи места и се обидуаа да ја разбијат групата,, со цел што побрзо да се разотидат.