Караоките четвртфиналисти – Бразил сепак посилен од Мексико

Селекцијата на Бразил е четвртфиналист на Мундијалот, откако денеска го совладаа составот на Мексико со 2:0.

Во првиот дел мрежите мируваа, па возбудувањата дојдоа во вториот дел, кога Нејмар постигнува гол за предност, која до крајот се покажа како клучна за крајниот исход на натпреварот.

Мексико се обиде да го возврати ударот, но сепак немаа некоја спектакуларна шанса да изедначат, па „караоките“ одат во четвртфиналето.

Во самиот финиш од средбата Бразил не остави ништо на случајноста, преку Филипе Кутоњ зголемија на 2:0, асистенцијата ја запиша Нејмар, играчот на натпреварот денеска.