
Полицијата открила возило со 18 мигранти кај Неготино, а трага по криумчарот, информираше МВР.
Полициска патрола, половина час по полноќ на регионалниот пат Неготино– Радовиш, во близина на полигонот кај село Пепелиште се обиделе да сопрат патничко возило „опел синтра“ со штипски регистарски ознаки.
Возачот нагло го запрел возилото и побегнал. Полицајците во возилото откриле 12 лица од Пакистан и шест лица од Авганистан. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.
Мигрантите се пренесени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител.