Словак уапсен за сообраќаен прекршок

Граничната полиција уапсила државјанин на Словачка, баран поради сообраќаен прекршок, информираше МВР.

Утрово околу 3 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ при пасошка контрола било констатирано дека автомобил „БМВ“ со австриски национални ознаки пријавено за излез од земјава се бара за сторен сообраќаен прекршок.

Според полицијата, возачот A.E. (24) од Република Словачка, не застанал на даден знак „СТОП“.
Тој бил приведен и во 6 часот бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.