Рочиштето за предметот на СЈО, „Титаник“, е одложено заради породилно отсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска.
Продолжение на судењето е закажано за 16 август.
Во случајот „Титаник“, покрај поранешната министерка за внатрешни работи, обвиенти се и поранешниот премиер Никола Груевски и повеќе поранешни функционери, осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.