
Воопшто не сум импресиониран од вакви писма, беше коментарот на белгискиот премиер Шарл Мишел за писмото што на 8 земји членки на НАТО го испрати Доналд Трамп.
Американскиот претседател во писмото вели дека на Американците се уморни од нивното учество од 70 отсто во буџетот на НАТО и да посветат 2 отсто од нивниот бруто производ на заедничката одбрана до 2024 година.
Станува се потешко да се оправда пред американските граѓани фактот што некои земји не придонесуваат за заедничката безбедност во НАТО”, вели тој и додава – “очекувам од вас силен нов ангажман за да се постигнат целите што ги фиксиравме, им пишува Трамп на Белгија, Италија, Шпанија, Португалија, Луксембург, Норвешка, Холандија и Германија.
Писмата не се идентични копии за сите земји, па така пораката до канцеларката Ангела Меркел содржи остар јазик. Делови од ова писмо пренесе Њујорк Тајмс:
Како што разговаравме за време на вашата посета во април, постои растечка фрустрација во САД поради тоа што некои сојузници не испорачуваат како што беше ветено. Контнуираното германско недоволно учество ја нарушува безбедноста на Алијансата и им дава оправдување на други сојузници кои исто така не ги испорачуваат нивните ветувања за воена потрошувачка, а тие вас ве гледаат како модел”, пишува Трамп до Меркел. Потоа тој додава дека го разбира домашниот политички притисок но се дава себе си за пример и додава дека тој потрошил “значителен политички капитал за да се зголеми воената потрошувачка”. Според Њујорк Тајмс, Трамп сугерира дека и САД би можеле да го преуредат нивното воено присутво во светот ако сојузниците не почнат да трошат повеќе за одбрана.
Станува се потешко да се оправда пред американските граѓани фактот што некои земји не придонесуваат за заедничката безбедност во НАТО додека американските војници и понатаму ги ризикуваат нивните животи во прекуморски операции или доаѓаат дома сериозно ранети, вели Трамп.
Не знаеме дали Трамп добил одговор на ова писмо од сојузниците, но оваа порака, испратена на неколку дена пред самитот на НАТО во Брисел, ветува затегната атмосфера помеѓу САД и ЕУ за време на состанокот на врвот. Особено откако Трамп започна трговска војна со европските сојузници воведувајќи даноци на европските челик, железо и автомобили.
Единствениот одговор стаса од белгискиот премиер Мишел кој пред новинарите изјави дека вакви писма обично се праќаат пред самити и додаде дека Белгија е горда што е стопирано намалувањето на воените трошоци а Белгија се подготвува да започне со инвестициска програма од 9.3 милијарди евра токму во оваа област со обнова на воената флота со авиони Ф-35 произведени во САД.