Женско тело во фаза на распаѓање извадено од Вардар

Во Полициската станица Неготино вчера било пријавено дека по течението на реката Вардар на место викано „Лагот“, било забележано човечко тело заглавено во гранки.

Од страна на полициски службеници и Територијалната противпожарна единица Неготино веднаш биле преземени мерки, и по извршениот увид констатирано било дека се работи за женско тело во фаза на распаѓање, на возраст од околу 60-70 години, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено во Институт за судска медицина заради утврдување на идентитетот и причините за смртта.