
Територијата на нашата држава останува под влијание на релативно многу топла воздушна маса од југ која ќе услови сончево и многу топло време со мала локална облачност.
Сепак во попладневните часови особено на истокот од државава ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално можна е и појава на град и електрични празнења.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени но поради релативно високата релативна влажност на воздухот температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измирените а и времето ќе биде релативно спарно.
УВ индексот со екстремно висока вредност со коефициент од 10 до 11.
Исто така услови за нестабилност особено на планинските места ќе има и утре (четврток) додека за викендот ќе биде понестабилно на многу места со врнежи, грмежи и услови за НЕВРЕМЕ со град додека температурите на воздухот особено во недела ќе бележат тенденција на опаѓање.