9.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Во Собранието мина кратењето на патните трошоци на пратениците

Со новите измени,  на пртениците им се дава можност оние кои живеат подалеку од 100 км од Скопје да имаат право и на стан под закуп, но, им се остава и правото  да патуваат. Ако ја изберат првата опција тогаш ќе имаат право  на надомест четири пати месечно.

За патни трошоци на пратениците во буџетот се предвидени 1,3 милиони евра, според собраниската математика со новите измени оваа сума би се намалила за една третина односно за 400.000 евра помалку.