
Вработените во „Еурокомпозит“ решија да го прекинат штрајкот пред Владата и одлучија да го напуштат тревникот спроти „белата зграда“ на Илинденска б.б.
Како што информираа од фирмата, вработените денеска повторно остварија средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев кој, овојпат, им даде нов предлог.
Имено, вработените ќе добијат по 30.000 денари на своите сметки најдоцна до наредниот петок.
За неколку месеци, пак, ќе се реализира и процедурата за технолошки вишок на 130 вработени.