
Најтрофејниот македонски фудбалски колектив скопски Вардар објави во петокот дека потпишал договор со 25-одишниот бразилскиот фудбалер Вилијан Лира Соуза.
Лира, кој игра во нападот, ќе настапува во дресот на „црвено-црните“ во следните две години. Во Скопје доаѓа од тимот Сао Бернардо, каде настапувал во последните шест месеци.
Изрази задоволство од договорот и нема трпение тимот да почне со натпреварите.
„Знам дека станува збор за најдобриот клуб во Македонија кој секогаш има високи амбиции и цели како на домашна, така и на меѓународна сцена. Се надевам дека со моите настапи и голови ќе придонесам Вардар да дојде до титулата, како и до успешни настапи во Европа. Исто така, посакувам брзо да се наметнам кај стручниот штаб и очекувам добро да бидам прифатен од моите нови соиграчи“, изјави Вилијан Лира по потпишувањето на договорот.