
Денеска во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се реактивираше работата на Меѓуресорското тело за човекови права со кое претседава Министерот за надворешни работи, а во чиј состав се државните секретари на ресорните министерства, директори на релеванти агенции и претседатели на независни тела за човекови права.
На денешниот состанок, раководен од министерот Никола Димитров, меѓу другото беа разгледани и прашања поврзани со претстојните извештајни обврски на Република Македонија по меѓународните инструменти за човекови права, актуелните обврски во областа на човековите права во контекст на интеграцијата со ЕУ, а беа разменети мислења и околу потребата од зајакнување на меѓу-институционалната координација околу теми од областа на човекови права и Целите за оддржлив развој.
Исто така стана збор и за идната работа на Меѓуресорското тело и модалитетите за идна вклученост на претставници од граѓанскиот сектор кои се активни по прашања поврзани со заштита и промоција на човекови права.
Скопје, 6 јули 2018 година