
Голманот на Хрватска, Даниел Субашиќ и вчера беше херој на нацијата откако успеа да одбрани пенал во рулет серијата по која Русија загуби. Субашиќ на две минути до финишот од регуларниот тек се повреди, па се чинеше дека нема да може да продолжи. Бидејќи немаше право на измена, тој мораше да стегне заби и да продолжи, а ги одигра продолженијата и ги бранеше пеналите.
Му реков на селекторот да не ме вади од игра и дека ќе играм со една нога ако треба, нека ја сочува таа измена за некој друг. Горд сум, среќен и презадоволен. Сите играме за ова и сите сакаме да направиме нешто повеќе. Му благодарам на Бога што го награди нашиот труд. Знаев дека Смолов така шутира пенали, но пак ќе кажам, тоа се е лотарија. Од нашето заедништво доаѓа овој резултат. Сите гинеме еден за друг и заслуживме полуфинале и без пеналите, изјави Субашиќ.
Се покажа дека и тој и селекторот Делиќ добро процениле бидејќи во првото продолжение се повреди Врсаљко,па мораше место него да влезе Чорлука.
„