
Бројот на жртвите во железничката несреќа во Турција се зголеми на 24, а бројот на повредени на 338 лица, пренесува во понеделникот телевизијата CNN Türk, повикувајќи се на вицепремиерот Реџеп Акдаг.
Претходно во неделата податоците говореа за десет загинати и 73 настрадани во инцидентот на железничката пруга.
Според телевизијата, спасувачката операција завршила во понеделникот во 6 часот утрото по локално време, 5 часот по македонско време. Сите настрадани биле разнесени во локалните болници и добиле соодветена медицинска помош. Под лекарски надѕор во болниците остануваат уште 124 лица, според телевизијата.
Патнички воз во неделата излета од пругите на линијата Капикуле – Истанбул, во покраината Текирдаг. Причина за несреќата според истрагата биле поројните дождови, којашто ја однела земјата меѓу шините и одводните канали под железничката пруга.