
Бројот на жртвите од поројните дождови кои деновиве ја погодија Јапонија и лизгањето на почвата предизвикано од нив надмина сто луѓе, објави во понеделникот агенцијата Kyodo.
Спорд последните податоци, најмалку 103 лица ги агубиле животите, а 56 се пријавени за исчезнати. Од понеделникот утрото, јапонските спасувачи со поддршка на единциите на Силите за самоодбрана (официјалниот назив за јапонската армија – з.р.) продолживаат со операциите за потрага и спасување.
Препораките за евакуација уште важи за речиси 5 милиони луѓе во 19 префектури во западниот дел од земјата. Речиси 30.000 луѓе веќе ги напуштиле своите домови и се наоѓаат во специјалните центри за евакуција.
Поради оваа ситуација, постојат сериони нарушувања во транспортните комуникации, во прв ред автопатите. Големите заводи и претпријатија се принудени да ја запрат работата на неопределен рок поради значителни поплави.
Обилните дождови настанаа поради влијанието на тајфунот „Прапирун“, кој во средата престана да дејствува над Јапонското Море и се претвори во област со низок воздушен притисок.