
Полицијата покрена истрага за убиство, откако Даун Стурџес (44) од Дурингтон починала вчера во болница откако дошла во допир со предмет контаминиран со нервниот агенс „Новичок“, на 30-ти јуни во Ејмсбјури, Вилтшаер.
Нејзиниот партнер, Чарли Роули (45), кој беше исто така беше изложен на нервниот агенс, останува во критична состојба во болницата.
Истрагата за труењата ја водат околу 100 детективи од Анти-терористичката полиција, заедно со полицајци од Вилтшаер.
Иследниците сè уште се обидуваат да утврдат како двојката била изложена на нервниот агенс.