
Според најновите денешни анализи кој ги направивме првата половина од оваа лето 2018 на Балканскиот Полуостров како и на Медитеранот ќе биде екстремно врнежливо со чести врнежи и грмежи како и со појава на локални невремиња кој може повторно локално во регионот да предизвикуваат локални поројни поплави па дури и штети, соопшти метеорологот Славчо Поповски.
Што се однесува до температурите на воздухот на повеќе места ќе бидат под повеќе годишниот просек што значи дека ќе биде постудено од нормалата со почести продори од север.
Пак што се однесува на северната половина од Европскиот континент ќе биде доста посушно и со повеќе сончеви денови додека температурите на воздухот ќе бидат околу просекот за летниот период додека на северозапад од Европа како и во Велика Британија ќе биде значително потопло од нормалата.