Град Скопје реагира дека семафорот на Борис Сарафов работи, од видеото се гледа спротивното

Град Скопје реагира на вчера објавената вест на „Нетпрес“, со наслов „Семафорот на ’Борис Сарафов’ не знае што е црвено, жолто, зелено“, но според приложеното видео може да се забележи дали овој светлосен знак работи според сообраќајните прописи.

Во прилог видео од работата на семафорот и фотографија со датумот на неговото објавување:

Dali ste videle vie vakov semafor NOV PRESNO NAMESTEN ul Boris Serafov Pa za ova li se bunese naselenieto be za vaka liiiiiiii SE BARASE DA SE NAMESTI LEGNAT POLICAEC ZA PESACITE a sto dobija neispraven semafor kakov sto NIKADE NEMA

Публикувахте от Mete Slavkov в Понеделник, 9 юли 2018 г.

На видеото јасно се гледа нефункционирањето на семафорот, забележани се возила кои поминуваат на црвено, семафорот се пали на црвено, па веднаш на зелено, а потоа на жолто.

Според жителите кои живеаат на оваа улица, семафорот прави полошо за сообраќајот бидејќи на овој начин носи голем безбедносен ризик.

– Не ја разбирам функцијата на семафорот, последнава недела работи многу кратко во текот на денот, а потоа си трепка жолто, не можеме улица да поминеме, мислам дека џабе струја троши. Понекогаш не се знае кое светло работи, дали црвено, дали жолто или пак зелено, рече вчера за „Нетпрес“ жител на населбата.

Во вчерашниот текст го пренесовме и одговорот од Град Скопје:

Семафорот на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров,кој беше интервентно поставен поради подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, по завршувањето на пробната работа, од пред некој ден е пуштен во редовен работен режим. Можно е да е префрлен на работа на жолто, поради потреба на сообраќајната полиција и доколку тоа е така, истиот ќе биде вратен во редовна работна состојба, тврдат од град Скопје.

Пред два месеци беше поставен семафор на улицата Борис Сарафов во општина Ѓорче Петров, каде во април беше прегазено дете на пешачки премин кај училиштето „Мирче Ацев“.

Во прилог реакцијата на Град Скопје:

Град Скопје остро реагира на прилогот објавен  на вашиот интернет портал  на 10.07.2018 со наслов „Семафорот на „Борис Сарафов“ не знае што е црвено, жолто, зелено“.

Центарот за управување на сообраќајот перманентно ја следи работата на семафорите на сите крстосници и улици во градот и има уредна видео документација за нивното функционирање. Поставената фотографија и видеото на вашиот портал се стари, од периодот на пробната симулација на семафорот и не ја даваат фактичката состојба на  улицата.

Апелираме во иднина да не ширите дезинформации, лажни вести и невистини и да ги запазувате професионалните стандарди  при  вашето информирање на јавноста.