
Четири возила кои биле паркирани на улица „Елисие Поповски“ во близина на број 17, попладневно се опожарени. Пожарот е пријавен во 18 часот и пет минути во противпожарната единица, а интервенирано е со две возила и пет пожарникари.
Станува збор за патничко моторно возило марка „пежо 308“, „сеат ибица“, „форд“ и „опел астра“. Возилата се надворешно опожарени, а од пожарот е зафатено и едно дрво.
Првичните информациите укажуваат дека возилата најверојатно се опожарени од падната електрична инсталација.