
Жител на струшкото село Теферич бил пронајден мртов, информираше МВР.
Според полицијата, вчера околу 8.40 часот било пријавено дека во Струга кај мостот на реката Сатеска во автомобил „БМВ“ со струшки регистерски таблици, на задното седиште бил пронајден починат Н.С. (63) од Теферич.
Бил извршен увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Од полицијата нема детали дали на телото на починатиот има траги од насилство.