Закани за новинарот Момировски: Јас сум најмал проблем, нека ги најдат убијците на Саздо

Член на „Шарената револуција“ кој сеуште цврсто ги брани политиките на премиерот Зоран Заев јавно му се заканил на новинарот на Алфа ТВ и колумнист на expres.mk,  Горан Момировски дека „ќе го нема”.

Ако се пријавувааат сите закани што се упатуваат на социјалните мрежи деновиве во МВР треба да ангажира стотина души само за прием на заканите.  МВР ако навистина сака да стори нешто за заканите против било кого не само кон мене може да го стори тоа и без пријава. Си има процедура за тоа и во МВР и во ЈО.
Ама за некои медиуми и новинари не важат ни препораките на Прибе ниту од ЕК. Не се чувствувам загрозен од никакви закани, било и потешко, ќе помине и ова. А некои  ќе треба да се срамат што поттикнуваат и поддржуват закани, особено кон новинари.
А МВР  не мора да се занимава со мене нека се фокусира на фаќањето на третиот и евентуалниот четврти убиец на Саздо, нека го фати убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев, нека ги процесира и објави тие што го избодеа со нож другиот комита на Рекорд во Март. Нека ги расчисти шпекулациите на социјалните мрежи дека за убиството на Саздо воопшто нема уапсени. Јас сум најмал проблем деновиве, вели Момировски.

Заканата е упатена преку Фејсбук откако Момировски коментирал:

По датум за датум во ЕУ добивме покана за покана во НАТО, следно е да добиеме референдум за референдум за името.

На овој статус лицето Ѓоко Трајковски кој на социјалните мрежи е познат како промотор на Израелските политики на Блискиот Исток напишал:

Следно е ДА ВЕ НЕМА пошто сте странски интереси, што претставува јасна и јавна закана против новинар за која треба да реагираат Здружението на новинарите и МВР, на што Момировски дава иронични инструкции на кој начин: