Брутално претепан поранешниот британски амбасадор во САД

Не е познат идентитетот на двете лица , кои го претепаа поранешниот амбасадот во САД , Кристофер Мејер.

Две лица го нападнале поранешниот британски амбасадор во САД , Кристофер Мејер во подземната железница во Лондон. Тие го нападнале Мејер додека стоел на станицата Викторија. Тој од непознати причини бил брутално претепан.

Откако избегале напаѓачите , престрашените сведоци викнале итна помош. Поранешниот амбасадор на 74 годишна возраст е пренесен во болница со тешки повреди , кои неговата сопруга ги опишува како да се здобиени во војна.