
Жител на тетовска Брвеница дома чувал сандак со мини и рачни бомби, информираше МВР.
Вчера во Брвеница со наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во стан и други простории кај Ѓ.С. (52).
При тоа биле пронајдени еден пиштол марка „зброевка“ со калибар 7,65 мм и еден сандак од муниција во кој имало пет мини и две рачни бомби.
Известен е јавен обвинител. По завршување на претресот Ѓ.С. е лишен од слобода. .