
Во вечерашното гостување на телевизија Сонце во емисијата ,,Јади Бурек’’, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека договорот кој Заев го потпиша со Грција е капитулантско дело . Токму поради оваа причина капитулантскиот договор како што Мицкоски го нарече е товар на Заев и покровителите на договорот, кој ќе ги потоне како политичари.
Мислам дека договорот со Грција не само што им е ахилова пета, него тоа ќе им биде и товар кој што дефинитивно ќе ги потоне.
Лидерот на опозицијата забележа дека македонскиот народ со овој договор ќе треба допрва да живее и да ги трпи последиците од него. Мицкоски истакна дека договорот е капитулантско дело со многу недостатоци од правен и од политички аспект, кој ќе доведат до пораз на владата на СДСМ и Заев.
Вие со овој договор треба да живеете . Односно со последиците кои овој договор ќе ги остави по вас како нација, како народ, како држава итн. Ние сме длабоко убедени дека овој договор, таканаречен договор, еве да го наречам. Претставува капитулантско дело со многу недостатоци и од правен и од политички аспект. А последиците допрва ќе дојдат.
Мицкоски заклучи дека е крајно време Македонија да разреши со транзициските политичари кои во минатото и нанесоа огромна штета на државата.