Кербер лесно до финалето на Вимблдон

Германската тенисерка Анџелика Кербер е првата финалистка на женскиот турнир во Вимблдон. Германката беше убедлива против Јелена Остапенко од Летонија со 2:0 во сетови (6:3, 6:3).

Мечот траеше 69 минути, а во кој Кербер направи четири брејка и со минимален број на технички грешки обезбеди место во саботното финале.
Противникот на Кербер во финалето ќе произлезе од вториот пар кој го сочинуваат Германката Јулиа Гергес и Серена Вилијамс од САД.