
Американскиот претседател Доналд Трамп е дочекан само со помали протести во четвртокот во Лондон на почетокот од неговата четиридневна посета на Велика Британија, којашто, како што се очекува, ќе биде посветена на слободната трговија и соработката на полето на одбраната.
Трамп и неговата сопруга Меланија на лондонскиот аеродром Стејнстерд го поздравија британскиот министер за меѓународна трговија Лиам Фокс и амбасадорот на САД во Лондон, Вуди Џонсон, по што замина во резиденцијата на амбасадорот во централниот лондонски Риџент Парк.
Неколку поддржувачи на групата „Стоп Трамп“ протестираа пред резиденцијата додека организацијата Аmnesty International на мостот во центарот на Лондон обеси транспарент со ликот на Трамп и пораката „кошмар за човековите права“. Оваа група низ Лондон возеше комбе на кое беше пораката „Трамп: оди си дома или соочи се со протестот“ во обидот да ги поттикне луѓето да му се придружат на протестот во петок.
Повеќе протести се очекуваат околу палатата Бленхејм во близина на Оксфорд каде што Трамп официјално е пречекан и од британската премиерка Тереза Меј и водечките деловни луѓе. Се очекува дека илјадници луѓе ќе се соберат на протести во петокот кога Трамп треба да го одржи главните разговори со Тереза Меј во Чекерс, резиденцијата на британските премиери надвор од Лондон.
Британската премиерка Тереза Меј се надева дека посетата на Трамп ќе ги зајакне блиските врски меѓу двете земји и ќе помогне околу идниот билатерален договор околу слободната трговија.
„Нема посилен сојуз од нашиот посебен однос со САД и нема да има поважен сојуз ниту во годините кои доаѓаат“, изјави Меј и додаде дека двете земји „споделуваат поглед на големо мнозинство во надворешнополитичките прашања“.
Трамп пред заминувањето за Лондон од Брисел, каде што учествуваше на дводневниот самит на НАТО, веќе предизвика контроверзии поставувајќи го прашањето дали британската премиерка Меј, во своите предлози за Брегизтот, им го дава на гласачите „она за што гласаа“ на референдумот во јуни во 2016 година за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија.
„Многу читам за Брегизитот последните денови и ми се чини дека малку оди во поинаква насока, имајќи предвид дека, барем делумно, повторно се врзуваат со Европската унија. Не е до мене да кажувам (што би требало да се случи. Луѓето гласаа за раскинување, па претпоставувам дека тоа ќе го сторат. Но можеби ќе тргнат по малку поинаков правец. Така што не знам дали за тоа гласаат… Само сакам да народот да биде задоволен“, одговори Трамп на новинарско прашање за Брегзит додавајќи дека се надева дека договорот меѓу Лондон и ЕУ наскоро ќе биде постигнат.
Трамп, кој потсети дека неговата мајка е родена во Шкотска дека има многу недвижнини и пријатели на Островот, во петок ќе се сретне и со кралицата Елизабета Втора во Виндзор, а во сабота ќе отпатува во Шкотска.