
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино рече дека Светското првенство во Русија било почесно поради приммената на ВАР технологијата.
Благодарение на ВАР, над 99 проценти од клучните одлуки се правилно донесени. Никој повеќе не го оспорува ВАР и затоа е прифатен. Добро работи. Резултатите, а станува збор за факти, се многу јасни и позитивни. ВАР го прочистува фудбалот и го прави потранспарентен и поскрен. На натпреварите без ВАР 95 отсто од одлуките се точни, а благодарение на ВАР сега се многу повеќе одлуки исправни. Можеме да кажеме дека никогаш нема да има гол од офсајд, вели Инфантино.
Првиот човек на ФИФА, кој најави дека Мундијалот во Катар во 2022 година ќе се игра во ноември и декември, немаше сигурен одговор дали на првенството ќе играат 32 или 48 тимови.