
Преку апликација „Визит Македонија“, државата ќе ги привлекува транзитните туристи да останат некој ден во земјава.
Апликацијата има мобилна веб-верзија на три јазици.
Туристите коишто поминуваат низ Македонија со неа ќе можат да се информираат за сите туристички и излетнички места, споменици, музеи, ресторани, хотели, природни убавини, археолошки наоѓалишта, со детален приказ и координати за локациите. Апликацијата ја чинела државната каса 1,2 милиони денари.