
Во заедничка акција на српското МВР и полициите на Холандија и Белгија биле уапсени двајца Срби, членови на бандата на „Земунецо“ Лука Бојовиќ, инфомрираат медиумите во Србија.
Во Амстердам бил уапсен Марко Пушиќ (35), а во Антверпен Вељко Бановиќ (45), двајцата осомничени за ѓверц на наркотични дроги како и за перење пари.
По апсењето и претресот на неколку станови и други простории во Холандија и Белгија, кои беа користени од страна на осомничените, биле откриени четири килограми кокаин, како и 1.700.000 евра за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на наркотици.
Бојовиќ издржува затворска казна во Брлград, откако беше уапсен во Шпанија пред неколку години и ектрадиран во Србија.