
Граѓаните на Република Македонија во саботата вечерта не ѝ се придружија на Владата на Зоран Заев којашто по склучувањето на капитулантскиот договор со Грција и промената на уставното ие на земјата организирапе прослава под наслов „Големата граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“, а во сите градови забележлива е извонредно слабиот одѕив.
Организацијата на прослави во 15 градови, каде би се славела поканата која Македонија ја доби за членство во НАТО, а тие градови се Скопје, Битола, Струмица, Струга, Охрид, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово и во Штип, доживеја вистинско фијаско.
Граѓаните прашуваат што впрочем прославуваме и реагираа до Владата и изведувачите. „Го прославувате предавството на Македонија“, „Заев ја продаде државата, па сега слави“, се само дел од реакциите на народот.
Одвај 300 луѓе во Струмица дојдоа на „Големата граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“. Зоран Заев доживеа дебакл и во градот во кој со години беше градоначалник, во прв ред поради политиките на власта во сите сфери, кои меѓу Македонците особено не се доживуваат како патриотски.
Седудесетина луѓе во Кичево, одвај 400 во Скопје, вака во саботата верта изгледаа „големите граѓански прослави“ на Владата. Прославата „Македонија во НАТО и ЕУ“ под мотото „Одиме напред“ се организираше низ 15 градови низ Македонија, а требаша да настапат 40 артисти.
Иако се најавуваа масовна посетеност, бројките од терен го кажуваат спротивното: Во Гостивар на „Ареа“ присутни се само 200 граѓани, во Кичево, пак, на Адријан Гаџа и Владо Јаневски – 70. По стотина души се појавија пред бината за прослава во Кочани и во Гевгелија, каде настапуваа Бени и Златко Ориѓански.
Стотина луѓе имаше и во Струга, а едвај стотина и на прославата и во Тетово, која почна во 18 часот.
Во Скопје, каде во Градски парк беше најавуван огромен број граѓани, пред популарната „Школка“ не се собраа нитуи 500 души.
https://www.youtube.com/watch?v=QP1ojo-WJx0