Извонредно мала посетеност на владината прослава во Охрид

Граѓаните ѝ влепија шлаканица на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, со извонредно малата посетеност на, како што ја нарекоа „Голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“ во Охрид.

Имено, Владата реши да организира прослави во 15 градови, каде би се славела поканата која Македонија ја доби за членство во НАТО, а тие градови се Скопје, Битола, Струмица, Струга, Охрид, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово и во Штип.

Најголем дел од коментарите околу оваа одлука на Владата се негативни, граѓаните прашуваат што впрочем прославуваме, имајќи предвид дека поканата за членство во Алијансата е условена со промената на уставното име на Република Македонија според Договорот со Грција.

Изминативе денови граѓаните реагираа до Владата и изведувачите: „Го прославувате предавството на Македонија“, „Заев ја продаде државата, па сега слави“, се само дел од реакциите на народот.

 

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=f7B_mx7SR00