
Етно бендот „Љубојна“ го откажа настапот на граѓанската прослава за НАТО во Струмица, организирана од Владата на Република Македонија, дознава „Радио СтрумицаНет“.
Во Струмица, каде што актуелниот премиер Зоран Заев долги години беше градоначалник, одвај 300 луѓе просиствуваа, како што ја нарекоа од Владата, „Голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“.
Иако од власта постојано инсистираат дека граѓаните го поддржуваат нивниот пат и начин да се стигне до ЕУ и НАТО, вечерва низ сите 15 градови каде се одржуваат „прослави“, очигледно е дека владините политики на наидуваат на одобрување и поддршка.