
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на годинешното издание на најголемиот светски турнир Вимблдон, откако во неделата по два часа и 18 минути игра го совлада Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 6-2, 6-2, 7-6 (3).
За 31-годишниот Ѓоковиќ ова е четврта титула во Вимлбдон, по 2011-та, 2014-та и 2015-та, а вкупно 13-та титула во некој „грен-слем“ турнир, прв по францускиот Ролан Гарос кој го освои во 2016 година.
За една година повозрасниот Андерсон ова беше втор настап во финалето на „грен-слем“ турнир и втор пораз, откако минатата година во финалето на УС Опен беше совладан од Шпанецот Рафаел Надал.
Беше ова седма средба меѓу Ѓоковиќ и Андерсен и шеста победа на српскиот тенисер. Дури трипати играа на Вимлбдон и секогаш победник беше Ѓоковиќ.