Депонијата во Струга ќе се покрива со земја

Започна покривањето со земја на отпадот на постоечката депонија во Струга, со што таа ќе треба да се конзервира. На тој начин, велат локалните власти, нема да се дозволи нејзино понатамошно палење особено во текот на летниот период. За таа намена ќе бидат употребени околу 1.000 камиони со земја, по што на локацијата потоа ќе се засади зеленило. Новиот отпад времено ќе се носи во депонијата Дрисла кај Скопје.

„Како што гледате, овде сме во близина на пунктот и се надевам дека за десеттина дена треба да дојде соодветната механизација. Таа ќе се монтира и ќе преземеме активности за транспортирање“, рече градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Од општината најавуваат дека наскоро ќе биде ставен во употреба и пунктот за собирање на отпад и негова обработка, кој се наоѓа на влезот од сегашната депонија и оти изградбата е завршена.