
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пак е меѓу топ десет на АТП листата по триуфот на Вомблдон.
Србинот речиси девет месеци не беше меѓу првите десет тенисери, а пред неслужбеното светско првеенство во тенис беше на 21 позиција. Со освоените поени Ѓоковиќ сега има 3.355 поени, доволни за скок од 11 позиции.
Скок на листата има и финалистот на Вимблдон, Јужноафриканецот Кевин Андерсон кој од осмата се качи на петата позиција, како и полуфиналистот Џон Иснер од САД, кој од десеттото сега е на осмо место. Поради лошиот пласман во Лондон пад од две места има за Хрватот Марин Чилиќ, кој сега е седми, како и Доминик Тим од Австрија, кој сега е на 9 позиција.
Во женска конкуренција води Романката Симона Халеп (7.571 поен), пред Каролина Возњацки (Данска, 6.740) и Американката Слоан Стивенс (5.463). Благодарение на пласманот во финалето на Вимблдон американката Серена Вилијамс направи скок од 153 места на листата, па сега е 28 откако паузираше поради бременоста и здравствените проблеми по породувањето. Победничката во Лондонм Германката Анџелика Кербер сега е на четвртата позиција, откако претходно беше на 6 место.