
Новиот менаџер на „Челзи“, Маурисио Сари сака на „Стемфорд Бриџ“ да работи со проверени сили и сака фудбалери со кои работел во „Наполи“.
Еден од нив е Гонзало Игуаин, а ако неговиот трансфер од „Јувентус“ во „Челзи“ навистина се случи, Аргентинецот ќе заработува седум и пол милиони евра годишно на „Стемфорд Бриџ“, а договорот ќе биде потпишан на три години. Посредник е менаџерот Фаџи Рамадани, кој исто така го помогна трансферот на Сари од Италија во „Челзи“.
Сари и Игуаин соработуваа во „Наполи“, а на лондонскио клуб секако му е потребен голгетер заедно со Алваро Мората, а се разбира од ова би профитирал и „Јувентус“ кој добро ја испразни својата каса со купување на Кристијано Роналдо.