„Мигови“ го пречекаа авионот со хрватските фудбалери

Хрватските фудбалери како вистински национални херои се дочекани денеска во Хрватска каде на главниот плоштад во Загреб се собрани над 100.000 граѓани кои ќе им оддадат признание за постигнатиот успех на мундијалот во Русија.
Откако влезе во воздушниот простор на Хрватска авионот на „Кроација ерлајнс“ беше пречекан од два воени авиони„миг“ кои ги пратеа до слетувањето во Загреб.

Прв од авионот излезе најдобриот играч на Мундијалот, Лука Модриќ по што фудбалерите се каија во отворен автобус со кој се упатија кон плоштадот „Бан Јелачиќ“ каде е подготвена бината на која хрватските граѓани ќе ги поздрават своите јунаци.