ЕУ и Јапонија потпишаа договор за слободна трговија

ЕУ и Јапонија потпишаа договор за слободна трговија по пет години преговори, а треба да стапи во сила во 2019 година и да отстрани 99 отто од сите царини меѓу двете страни.

Договорот за слободна трговија кој денеска го потпишаа Европска унија и Јапонија претставува „јасна порака“ против протекционизмот, изјави денеска во Токио претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, алудирајќи на американските царински тарифи кои ги воведе Донал Трамп.

Договорот, најголемиот кој досега го постигнала Европската Унија, ќе обедини околу 600 милиони луѓе од двата пазари. Европските функционери се надеваат дека тој ќе стапи на сила на почетокот на 2019.

Покажуваме дека сме многу посилни и оти сме во подобра позиција кога работиме заедно, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Според договорот, Јапонија ќе ги укине царините на 94 отсто од целосниот увоз од ЕУ, вклучувајќи 82 отсто земјоделски и рибни производи.

Европската Унија ќе укине 99 отсто од царините на увозот од Јапонија. Ќе ги укине царините на увозот на јапонски автомобили и камиони во осмата година како и на телевизорите во шестата година од примената на договорот.