Рускиот ракометар Киселев нов десен бек на „Вардар“

Рускиот репрезентативец Димитри Киселев (23) е новиот десен бек на РК„Вардар“, кој потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.
Киселев доаѓа од „Санкт Петербург“ каде има настапувано од почетокот на својата кариера. Две сезони има настапувано и во лигата на шампионите. Моментно е дел од сениорската репрезентација на Русија која избори место на СП 2019 година. Беше дел и од репрезентацијата што играше на СП 2017 година во Франција.

Киселев потпиша договор до јуни 2020 година и е третиот нов ракометар во екипата, по Сташ Скубе и Сергеј Горбок. Исто така и четворица членови на првиот тим, Стоилов, Шишкарев, Поповски и Ѓорѓески ги продолжија договорите со „црвено-црните”.

Во Вардар, Киселев ќе ја пополни позицијата на десен бек каде ќе му биде колега на Данаил Киштопанс. Киселев е висок 193 см. и тежок 98 кг. и е дел од новата генерација на руски ракометари што доаѓаат на сцената.

Киселев ќе биде од првиот ден на подготовките со екипата на „Вардар“ што се закажани за 24 јули во Скопје. Екипата ќе остане во Скопје до 31 јули по што заминува на подготовки во Словенија, а ќе одиграт и три натпревари на турнир во Германија.