
Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство се уште нема одговор на одлуката на Владата на Косово за воведување царини од 30 отсто за земјоделските производи, но сметаат дека воведувањето на оваа времена мерка не е во согласност со заеднички зацртаните цели како што се брз проток на стока и отстранување на царинските бариери. Од министерството велат дека се работи на анализи на ефектите од мерката и брзо ќе излезат со реакција за што ќе бидат известени сите членки на ЦЕФТА.
Наша обврска како ресорно министерство е да го заштитиме домашното производство и извозно оринетираните земјоделски производи. Очекуваме Владата на Косово да ги земе во предвид придобивките од започнатиот Берлински процес и низ една заедничка дискусија да дојдеме до заедничко решение, кое што ќе подразбира олеснување на трговската размена во регионот, се вели во реакцијата на Министерството за земјоделие.
Од таму велат дека поскапениот увоз не значи трговска војна меѓу двете земји, бидејќи мерката се однесува на сите држави кои во Косово извезуваат земјоделски производи.
Република Косово е најзначајниот партнер во трговската размена со Република Македонија. Воведување такви мерки кои се рестриктивни и се спротивни на слободната трговија меѓу земјите секако дека го сметаме како како неразумен, односно погрешен потег од другата страна, изјави Дрилон Исени, извршен директор на Стопанска Комора на северозападна Македонија.
Привремените заштитни мерки кои ги воведе Косово ќе траат 90 дена и ќе се однесуваат за 21 производ.