
Напаѓачот на „Ливерпул“, Алекс Окслејд-Чембрлејн, кој се повреди на полуфиналниот натпревар со „Рома“ нема да настапи цела сезона, информираа од клубот од „Енфилд“.
Чемберлејн се повреди на 24 април, по што веднаш бил опериран. Лекарите него и на стручниот штаб им кажале дека се потребна 12 месеци рехабилитација поради повеќекратните оштетувања на лигаментите на десното колено.
Раководството на клубот на ја информирале јавноста, но и соиграчите на Чемберлејн за да не се наруши атмосферата пред финалето во Лигата на шампионите.
Изгледа дека сега е вистински момент да ја известиме јавноста дека Алекс цела следна сезона ќе се фокусира само на заздравување од повредата. Ја знаевме оваа информација отприлика неколку дена по повредата и по операцијата. Можам да речам дека, ако го имаме на теренот идната сезона, на кој било меч, тоа ќе биде бонус. Нема да даваме веќе информации во јавноста врзани за самата повреда, рече тренерот на „Редси“, Јирген Клоп.