
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северозападен ветер. УВ индексот ќе биде 8.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 20 степени, а дневната температура од 21 до 32 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната температура до 29 степени.
Следува период на стабилно време, до петок ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури. За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло. Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.