Детективите се мачеле 30 години, а обична жена го открила убиецот за три дена

Млад пар од Канада во 1987 година тргнал во Сиетл, САД, но на патот налетале на човек кој ја силувал Танја Ван Кјуленборг и ја застрелал во главата, а нејзиното момче Џеј Кук го претепал и го задавил. Убиецот во нивното комби оставил пластични ракавици, кои еден од детективите што го истражувале случајот го протолкувал како порака „никогаш нема да ме фатите“.

И бил многу блиску до вистината, поминале повеќе од 30 години пред да во април годинава поранешна глумица од мјузикл без никакво искуство во полицијата ги земе работите во свои раце. Сиси Мур и нејзиниот тим го решија случајот за три дена. Таа го уфрлила ДНК профилот на убиецот во јавен генетички сајт за да ги лоцира неговите роднини и направило семејно стебло кое ја довело до осомничениот, Вилијам Ерл Талбот Втори, возачот на камион. Тој беше обвинет за убиствата во мај годинава во Вашингтон.

Ловот на убиецот на Ван Кајленборг и Кук почнал вечерта од еден петок. Мур и нејзините колеги го зеле ДНК профилот на убиецот земен од местото на злосторството и го поставиле на GEDmatch, централен регистар кој им овозможува на корисниците да пронајдат роднини со споредување на сопствениот генетски код со повеќе од еден милион други.

Овој тип на анализа претставува огромен напредок во споредба со традиционалниот метод за споредување на ДНК што го користи полицијата уште од 80-тите години на минатиот век. Кај оваа метода лабораторијата зема примерок кој содржи 20 кратки исечоци од генетскиот код на осомничениот и го споредува со државната база на податоци за ДНК која содржи 17,3 милиони профили.
Профилите на GEDmatch содржат околу 600.000 исечоци, што овозможува не само да се идентификува совпаѓањето, туку и да се утврди колку блиско е сродството помеѓу тие луѓе.

По осум часа споредување на податоците, Мур во саботата наутро утврдила дека убиецот дели доволно генетски материјал со две лица чиј генетски материјал не се поклопувал, врз основа на што заклучила дека потекнуваат од две различни гранки на семејството. Сега требало да најдат место каде се вкрстуваат.
Таа анализирала кои се нивните предци и почнала да го составува семејното стебло. Потомците ги барала користејќи податоците од пописите, регистерот на починати и венчани, текстови од весници, социјални мрежи и други извори.

Во текот на викендот таа сретнала невролог во весниците, од што останала без здив. Некрологот бил објавен од лице во ссемејното стебло на осомничениот, а во него било споменато името на мајката на Талбот, која носела презиме од втората гранка на семејството. Алката која недостигала конечно била пронајдена.

Тоа е еурека моментот. Тоа се двајца луѓе кои не се поврзани, но делат значајни ДНК сегменти со осомничениот, а потоа имаме брак меѓу нивните семејства, изјавила Мур.

Мур своите сомневања ги изнела на полицијата која почнала да го следи осомничениот камионџија. Така еден ден Талбот ја отворил кабината од својот камион и фрлил картонска чаша за кафе. Полицајците ја зеле чашата и ДНК од истата го споредиле со ДНК што бил пронајден на местото на злосторството. Двата примероци биле идентични па Талбот бил уапсен.

По ова, методот на родослов овозможи решавање на голем број на стари нерсветлени случаи.

Полицијата во Индијана неодамна објави дека тимот „Parabon NanoLabs“, собран околу Сиси Мур во Рестон,Вирџинија, помогна да се идентификува човекот кој е осомничен за силување и убиство на осумгодишната Ејприл Тинсли во 1988 година, по ди џеј од Пенсилванија обвинет за убиство на наставничка во 1992 година, главниот осомничен за убиството на агент за недвижности во Тексас во 1981 година, и човек од Вашингтон обвинет за силување и убиство на 12-годишно девојче во 1986 година и уште неколку случаи.

Овие успеси заслужуваат посебно внимание бидејќи методот на родословие не го примениле ниту ФБИ, ниту најдобрите форензичари туку лабава мрежа на експерти и генетичарите како Мур и еден професионален телохранител од Флорида, кои дошле на идеја за формирање генетска база на податоци достапни за секого.

Новиот метод во борбата против криминалот поставува многу прашања: дали техниката може да укаже на погрешна личност? Како можеме да бидеме сигурни дека полицијата одговорно ќе ги користи генетските податоци? Дали полицијата треба да се потпре на јавна база на податоци што може да се хакира или да се смени?