Доброволно му помогнал, па го истепал и зел пари за услугата

Жител на струшкото село Радолишта истепал и ограбил крушевчанец на кого претходно доброволно му помогнал да отстрани дефект на возилото, информираше МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.М.(31) од Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело изнуда.

Според полицијата, на 2 јули 2018 година околу 3.45 часот кај селото Франгово М.М. се понудил да му помогне на Ѓ.А.(48) од Крушево, при отстранување на дефект на минибус кој го управувал истиот. Потоа двајцата се упатиле на бензинска пумпа во близина на населбата Теферич. Таму М.М. му побарал на пари на Ѓ.А. затоа што му помогнал, но возачот одбил. Потоа физички го нападнал и му одзел 2.500 денари.