Осомничените добија притвор за „убиство“

Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје еден-Скопје постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор за осомничените Б.Б и С.Д за кривичното дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 1 ВВ  со член 22 од Кривичен законик денеска донесе решение со кое ја укина претходно определената мерка притвор за кривичното дело „насилство“ и определи нова мерка притвор за кривичното дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 1 ВВ со член 22 од Кривичниот законик.

– Новата мерка ќе трае до истекот на 30 дена сметана од моментот кога двајцата осомничени веќе претходно беа лишени од слобода, објави МИА.

Според пријавата од полицијата, Б.Б., С.Д, како и Ј.Љ (19) сите од Скопје, на 29 минатиот месец околу 17:30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје. По десет дена претепаното момче им подлегна на повредите.