
Столчиња во ергономски дизајн со огнооотпорна пена и тапацирани со телешка кожа, набавува државната компанија МЕПСО.
Овие сточиња, како што стои во техничката спецификација на јавната набавка се наменети за директорите и секретарката. Освен тоа, овие столчиња треба да имаат висок потпирач за грб и со антишок функција.
Покрај ова МЕПСО на тендерот ќе набавува и кујни, столчиња ормари.
Целата набавка се предвидува да чини 350.000 евра.
Заинтересираните фирми имаат рок до септември да достават понуда.