Десетмина повредени во судир на автобус и камион

Најмалку 10 лица се повредени во судир на камион и автобус, на патот Велес-Штип.
Според првичните и неофицијални инфмрации, сообраќајната несреќа се случила околу 13.20 часот кај селото Мамутчево.
Повредените лица се пренесуваат во велешката болница, но засега нема информации за карактерот на повредите и состојбата на повредените лица.

Полицискиот увид се уште е во тек, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин.