Кина нема да го девалвира јуанот поради трговската војна

Вредноста на јуанот се формира од пазарните фактори и Кина нема намера да ја девалвира валутата за да им помогне на извозниците, објави кинеското Министерство за надворешни работи. Оваа најава доаѓа откако САД објавија дека ќе ја следат слабоста на кинеската валута во контекст на ескалацијата на трговскиот спор меѓу Вашингтон и Пекинг.

Од министерството вели дека заканите и заплашувањето поврзани со трговијата никогаш нема да влијаат врз Кина, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе тарифи за целиот увоз од Кина, во вредност од 500 милијарди долари.

Вредноста на јуанот се создава од односот на понудата и побарувачката. Кина нема намера да ја користи девалвацијата на валутата за да го стимулира извозот, рече портпаролот на кинеското министерство, Генг ШуангГенг.

 

 

Јуанот изгуби повеќе од седум отсто од вредноста во однос на доларот од крајот на првиот квартал од оваа година. Кинеската стока вредна 505 милијарди долари беше увезена во САД минатата година, што доведе до трговски дефицит со Кина од речиси 376 милијарди долари, покажаа податоците од американската влада.

Кинескиот увоз од САД достигна 205 милијарди долари во првите пет месеци од оваа година, при што трговскиот дефицит достигна 152 милијарди долари. Претходно овој месец, официјалниот Вашингтон воведе тарифи за кинески увоз во вредност од 34 милијарди долари, по што Кина воведе повратни тарифа за одредени американски производи.