Лидерите на втора пауза, Ахмети вели дека се уште нема договор

Партиските лидери излегоа на втора пауза на денешната средба во Клуб на пратеници. Тие по втор пат денеска ја напуштија преговарачката маса и се упатија во другите простории на ручек и координација.

Засега нема официјални информации од преговорите.

Единствено лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше расположен да им одговори на новинарите. Индиректно тој посочи дека се уште нема договор.