Мицкоски: Остана уште да разговараме за Референдумот

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека на средбите претходно и денеска е постигнат договор по речиси сите прашања, осевне референдумот, за што уште не е разговарано.

Владата се согласи на позициите на ВМРО ДПМНЕ – измени во законот за финансирање  на политичките партти и во законот за влада, односно за формирање техничка влада по теркот на Пржино пред избори. Се согласивме за процедурата која беше почната за формирање на ДИК, кои се однесуваа на смена на двотретинското со просто мнозинство, да се стопира и да севрати процедура. Не разговаравме за референдумот, ни за карактерот, ни за прашањето. Важно е дека со овие усогласености се гарантира успешен изборен процес, било да се предвремени или редовни и опоцијата ќе може да се чувствува комонтно како и тогашната опизиција во 2016 година. Исто така и во однос на Законот за финансирање на политичките партии е исчекор кон модел за зголемена транспарентност и отчетност на финансиите на политичките партии и ќе превенира злоупотерби, изјави Мицкоски.

На прашањањето дали се откажале од барањето за измени во Кривичниот законик за што објавија медиумите, Мицкоски рече дека ниту разговарале ниту дискурирале и тоа го оцени  како „обид да се сврти вниманието на јавноста од штетниот договор со Грција, но и темите што ни се случуваат од потенцијални коруптивни дејства“, посочувајќи ги тендерот во Министерството за здравство за набавка на реагенси и грантовите од Фондот за иновации.

Мицкоски тука посочи дека се надева оти функционерите и во овие случаи евентулано ќе одговараат по тој член 353 за злоупотреба на службената положба.